Стигнаа дрва, ќе се пали оган пред ДИК за загревање на демонстрантите
Пред просториите на Државната изборна комисија(ДИК) денеска пристигнаа дрва за греење.
Не се знае дали овие дрва за огрев се од „Македонски Шуми“. Според пишувањата на
социјалните мрежи, овие дрва се за греење на суимаптизерите на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат пред
ДИК.
И синоќа дрва беа запалени со цел да се загреат граѓаните кои протестираа пред ДИК, и кои кажаа дека не дозволуваат да се погази волјата на народот и да се украде победата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие до доцна синоќа беа пред ДИК и порачаа дека пак ќе се вратат.

ФОТО: Фесјбук
Слично
