СТИГНА ВТОРАТА ПРАТКА РУСКИ ВАКЦИНИ: Бројот на заразени и починати не паѓа
Втората пратка од вакцините Спутник В пристигнаа вчера, а авионот го пречека министерот за здравство Венко Филипче заедно со амбасадорите на САД, Франција, Германија и други странски дипломати.
Ова е втора испорака, додека пристигнаа и 24 000 дози од АстраЗенека преку ковакс механизмот а остатокот од најавените 100 000 вакцини треба да пристигнат во рок од еден месец, според најавите на надлежните.
Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека пристигнатите се наменети за здравствените работици.
Во меѓувреме, бројките на новозаразени и починати не престанува да расте.
Вчера дури 33 лица починаа од коронавирус а беа регистрирани 708 нови случаи на инфекција, објави Министерството за здравство.
Починатите биле на возраст од 39 до 85 години, а новиот број на заразени бил потврден со 2.763 тестови во претходните 24 часа, а 25,62 проценти од испитаниците биле позитивни.
Досега, 3.675 лица починале од коронавирус во Македонија, дијагностицирани се вкупно 126.938 од почетокот на пандемијата, а има активни 18.907 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 11 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 104 356.
