Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНА ВО СКОПЈЕ: Со кого ќе се сретне Столтенберг?

СТИГНА ВО СКОПЈЕ: Со кого ќе се сретне Столтенберг?

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје. 

За околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на земјите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот ги пречека висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест.

На платото пред Владата утре ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Тој претходно во Тирана ги повика сите политички актери во Албанија со дијалогот да ја  решаваат политичката криза.

За регионалните протести, Столтенберг уште еднаш изрази загриженост во врска со мешањето на Русија во домашните процеси на државите кои се дел од Алијансата.

Слично

Поврзани вести