Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНА ВЕСТА ШТО СИТЕ ЈА ЧЕКАА ОД БЕРЗАТА - Комерцијална банка лани со чист профит од 80 милиони евра и бруто дивиденда од 1.250 денари по акција

СТИГНА ВЕСТА ШТО СИТЕ ЈА ЧЕКАА ОД БЕРЗАТА - Комерцијална банка лани со чист профит од 80 милиони евра и бруто дивиденда од 1.250 денари по акција

Како што и најави Фактор, Комерцијална банка го објави износот на профитот за минатата година, а го објави и износот на бруто дивиденда кој ќе го добијат акционерите на банката. 

Нето добивката за минатата година ќе изнесува 80,1 милиони евбра, што е раст за 37,5 отсто во однос на минатата година.

Иако станува збор за фантастичен финансиски резултат, сепак, јавноста можеби очекуваше малку повеќе, со оглед што за девет месеци чистиот профит беше на ниво од 72 милиони евра. 

А, веста што сите ја чекаа, е колку дивиденда ќе дели Комерцијална банка. Тоа ќе биде 1.250 денари по акција, или за 37,4 отсто повеќе во однос на минатата година. 

„Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250 денари. Предложениот бруто износ од 1.250 денари за 2024 година е за 37,4 отсто повисок во однос на дивидендата за 2023 година“, се вели во објавата од Банката. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести