Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНА РЕАКЦИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ: Ставот на Пендаровски за настаните од 27.април не зависи од средбата со господинот Мицкоски

СТИГНА РЕАКЦИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ: Ставот на Пендаровски за настаните од 27.април не зависи од средбата со господинот Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Пендаровски пред него имал едно, а пред камерите друго лице.

„Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани. Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски по денешната посета на Делчево одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, изјави дека тој дека изнел различен став од она што било дискутирано. Како што рече „се работи за дволичност и очигледен е притисокот кој се врши врз Пендаровски“, иако на средбата имале усогласен ставови.

-Генерално ние внатре се сложивме за се како што кажав и во мојата изјава надвор откако излегов од состанокот којшто го имав со господинот Пендаровски. Тоа што го спомнав надвор практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние, би рекол новинарски пера којшто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев е забележливо и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести