Стигна протестна нота од Бугарија за сквернавење на споменикот „Солза на Роза“ во Охрид
Протестна нота стигна од Бугарија поради повторното сквернавење на спомен-плочата на 15-те загинати туристи во Охрид.
Од бугарското МНР велат дека очекуваат македонските властите да преземат брза акција за да ги идентификуваат сторителите, како и дека очекуваат спомен-плочата да биде вратена во првобитната состојба. Амбасадата на Република Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерството за надворешни работи поради повторениот чин на сквернавење на спомен-плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата на бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид.
„Секој чин на омраза против друга држава или нејзините граѓани е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества“, велат од Министерството.
На таблата пред споменикот се забележуваат испишани графити, но самиот споменик или не е оштетена.
Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.
