Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигна протестна нота од Бугарија, реагираат за антибугарските пароли

Стигна протестна нота од Бугарија, реагираат за антибугарските пароли

Министерство за надворешни работи на Бугарија испрати протесна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради антибугарските пораки кои се присутни деновиве на протестите во Скопје. Велат дека се загрижени поради она што се случува. 

„Особено загрижувачки е што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот. Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, пишува во нотата на МНР.

Според нив, на протестите имало антиевропски наратив. Претходно, осум дена имаше протести во Скопје поради францускиот предлог. Граѓаните бараат власта да не го прифати овој предлог, и велат дека тој значи бугаризација на македонската нација. Протестите продолжуваат секој ден во 19 часот. 

Бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков вели дека би било ужасно Албанија да продолжи, а Македонија не по патот кон ЕУ. 

Слично

Поврзани вести