Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

И потпретседателот на Европската комисија,Маргаритис Схинас, упати предупредување до Македонија дека Договорот од Преспа мора да се почитува.

„Првите примероци на пишување на новото раководство на Северна Македонија покренуваат сериозни прашања за политичкиот и правниот поредок“, истакна Схинас, во врска.

Говорот на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова при инаугурација во грчката јавност се толкува како кршење на одредбите од Договорот од Преспа.

-Има уште време да го напушти ќорсокакот на националистичкото заострување и ревизионизмот. Се надевам дека едногласните реакции на европското и атлантското семејство на нивните први изјави и постапки ќе бидат храна за размислување за носителите на одлуки во Скопје, рече Схинас.

Според европскиот функционер, предупреди дека Македонија како кандидат за членство во ЕУ не треба да ги бранува соседите.

-Никој во ЕУ не е подготвен да толерира овие логики да се воведат во ЕУ. Никој нема да заложи за членство во ЕУ на земја-кандидат што отстапува од своите обврски и ги вознемирува соседите кои се веќе членови на европското семејство. Нема да се толерира никакво националистичко или популистичко повлекување во регион на кој му требаа децении за да се надминат длабоките јазови што ги отвори војната и етничките конфликти, нагласи Схинас.

Тој додаде дека „Балканот треба да се европеизира, а не ЕУ да се балканизира“.

Слично

Поврзани вести