СТИГНА ПРАТКАТА ФАЈЗЕР, 100.620 ДОЗИ ВАКЦИНИ: Ќе се забрза вакциналниот процес
Министерот за здравство објави дека денеска во Македонија стигна пратката од 100.620 дози вакцини Фајзер, преку Ковакс-системот.
По оваа голема пратка вакцини, како и по пратката кинески вакцини од Синовак кои треба да пристигнат в недела попладне, министерот најави дека темпото на вакциналниот процес ќе се забрза.
-Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок.
Слично
