Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигна официјална осуда за Ордановски по интервјуто со Мицкоски

Стигна официјална осуда за Ордановски по интервјуто со Мицкоски

Водителот на 1ТВ, Сашо Ордановски, официјално „е осуден“ од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека не ги почитувал начелата на достоинство на соговорникот по интервјуто пред два дена со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од таму порачуваат медиумите да ги почитуваат сите професионални новинарски стандарди и начела за вршење на дејсноста.

Според надзорот на АВМУ, прекршени се начелата за презумпцијата на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовиизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата ќе го разгледа извештајот кој допрва треба да биде објавен.


Слично

Поврзани вести