Стево Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност
Претседателот на државата, Стево Пендаровски го свика Советот за безбедност.
Утре со почеток во 13 часот Советот за безбедност ќе ја одржи единаесеттата редовна седница, информираат од Кабинетот на претседателот. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.
Слично
