Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои попладнево дојдоа во Вилата Водно и бараат одговор како му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тие сметаат дека е прекршен Уставот. 

Бараат објаснување зошто Пендаровски му го дал мандатот на Заев иако тој нема обезбедено 61 пратеник.

Заев го доби мандатот и најави Влада за 20 дена. 

Тој најави дека ќе бидат предложени одговорни и отчетни кадри кои, како што вели, ќе се борат против криминалот и корупцијата, прочистување на правосудството и проверка на потеклото на парите на секој функционер.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ова не е случаен преседан. 

Очајни се обидите на губитникот Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување, стои во реакцијата на СДСМ. 

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот. 

Слично

Поврзани вести