Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стево Пендаровски кажа кога ќе го додели мандатот за состав на новата Влада

Стево Пендаровски кажа кога ќе го додели мандатот за состав на новата Влада

Шефот на државата Стево Пендаровски за ТВ 21 изјави дека прво ќе одржи консултации со партиите, па потоа ќе го додели мандатот. 

„Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, вели Пендаровски за ТВ 21.

Оттаму се повикуваат на Уставот и потенцираат дека мандатот ќе биде доверен на оној што ќе обезбеди мнозинство во Собранието.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во меѓувреме е на одмор, но разговори меѓу партиите сепак има. 

Нова Влада би требало да имаме до крајот на август. 

На 15 јули се одржаа предвремени парламентарни избори, а најголем број мандати освои коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. 

Слично

Поврзани вести