Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стево Пендаровски ја повика Антикорупциска да ги испита наводите за Агенцијата за разузнавање

Стево Пендаровски ја повика Антикорупциска да ги испита наводите за  Агенцијата за разузнавање

Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, под чија надлежност е Агенцијата за разузнавање, ја повика Државната комисија за пречување на корупција и судир на инетереси да ги испита наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека директорот на оваа служба, Еролд Муслиу, вработил за свој помошник лице од невладина организација која наводно е раководена од неговата сопруга.

„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР, кабинетот на претседателот ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш. Воедно укажуваме и на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија, особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство“, се вели восоопштението од кабинетот на шефот на државата.

Од ВМРО-ДПМЕ, претходно соопштија дека, според нивните сознанија, новоназначениот помошник на Муслиу е проектен истражувач на НВО „Нексус“ и од таму реторички го прашаа претседателот Пендаровски дали истата организација се наоѓа на домашна адреса на директорот на Агенцијата за разузнавање.

„Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот. Оваа НВО, согласно јавно достапните податоци, во изминатиот период учествуваше во трки за проекти за превенција од радикализација и дерадикализација на терористи и верски радикали. Проектните активности на оваа НВО ги спроведуваше токму лицето Васко Шутаров, тогашен советник за тероризам, кој е сега унапреден на највисоко хиерархиско ниво како благодарност од Муслиу“, рече Наум Стоилковски, портпаролот на опозициската партија.


Слично

Поврзани вести