СТЕВО, ДИМИТАР, МАКЕДОНСКА ВЛАДО, ПОСТАПЕТЕ КАКО ДА СУМ ВАШЕ ДЕТЕ - драматична порака од младиот Игор болен од цистична фиброза
На никого не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите“, пишува Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза.
Тој на својот Фејсбук профил додава дека тоа е крајно понижувачки.
Во неговиот пост на социјалната мрежа фејсбук Пехчевски се обраќа до премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, но и до целата Влада на државава, прашувајќи ги уште колку време треба да чека за лекот „Трикафта“, како и за пристојно работно место.
„На никого не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ.
Уште колку време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…
Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет?
ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете!!!“, пишува младиот Игор.
Владата пак денеска соопшти дека ги надминала административните бариери, како и дека се очекува лекот за овие пациенти да пристигне во најбрз можен рок.
Слично
