ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТЕВКОВСКИ ЌЕ СЕ СПРАВУВА СО УРБАНИЗАЦИЈАТА ВО АВТОКОМАНДА: Воведува мораториум на градбите

СТЕВКОВСКИ ЌЕ СЕ СПРАВУВА СО УРБАНИЗАЦИЈАТА ВО АВТОКОМАНДА: Воведува мораториум на градбите

Од денес стапува на сила мораториум на градби во Автокоманда!, информираше градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски.

Во просторот на Градска четврт ССИ 09 – Автокоманда, во изминатиот период беше дозволена изградба на нови објекти и надградба на постојни станбени згради согласно со важечките Детални урбанистички планови.

Со ова значително се зголеми бројот на жители, а со тоа и притисокот врз водоводната мрежа, јавниот паркинг и квалитетот на живот во населбата.

На вчерашната седница на Советот на Општина Гази Баба, по моја иницијатива, беше донесена Одлука за начинот на применување на ДУП-овите во просторот на Градска четврт ССИ 09.

Со оваа Одлука:

- Се прекинуваат сите постапки доставени преку системот е-дозволи за подготвителни работи и издавање решенија за градба;

- Одлуката се однесува на територијата опфатена со деталните урбанистички планови во оваа четврт;

- Не се однесува на барања за реконструкција или адаптација;

- Ќе важи во времетраење од една година од денот на нејзиното донесување.

Ова е чекор кон хумана урбанизација и подобар животен стандард за жителите. Последиците од неодговорното урбанистичко работење во минатото ги чувствуваме денес. Затоа мораме да донесуваме храбри и одговорни одлуки – во интерес на граѓаните и одржлив развој на нашата општина“, напиша тој.

Фото:Илустртација


ad
Слично

Поврзани вести