Стевчо Јакимовски во трка за градоначалничката фотелја во Карпош
Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ се кандидира за градоначалник на Карпош.
Информацијата дека влегува во трка за локалните избори, ја објави на Фејсбук.
„Сакам да ве известам дека одлучив да се кандирам за следен градоначалник на Општина Карпош на престојните локални избори“, пишува тој.
Функцијата градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на оваа општина.
фото Фејсбук
Слично
