Стевчо Јакимовски: Уште не сум ја добил пресудата за затвор за да не можам да се жалам
Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска пред медиумите објави дека се уште не ја добил правосилната пресуда за неговото одење в затвор, а при тоа во таква ситуација не може да се жали додека му тече рокот за одење во Шутка на 2 јули.
- До каде оди некоректноста, до ден денес се уште немам добиено пресуда, што е крајно некориектно и невообичаено, а јавноста мора да знае дека роковите за жалба односно правосилноста на пресудата станува тогаш кога ќе ја добие тој што е осуден, а јас нејзе сеуште ја немам за да можам да поднесам жалба до Врховниот суд, рече денес тој.
Јакимовски треба да се јави на отслужување казна затвор на 2 јули оваа година. Судија за извршување санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот Јакимовски кому Апелациониот суд му ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење, од која 5 месеци веќе му се одлежани во куќен протвор, му издаде упатен акт за издржување на казната затвор. Јакимовски в затвор треба да одлежи уште 7 месeци.
Јакимовски е упатен да се јави во Затвор Скопје, во Шуто Оризари, каде што се служат казните до една година.
Осуден е за изградба на бараките во скопското основно училиште „Лазо Трповски“ каде беше сместена општинската администрација до пуштањето на употреба на новата општинска зграда.
