Стевчо Јакимовски: Син ми место венчаница, доби умреница
Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, денеска пред медиумите, се пожали дека неговиот син и снаа наместо Извод од матичната книга на венчани лица, а добиле Извод од книга на умрените.
Претседателскиот кандидат, приложувајќи документ, тврди дека денот на нивната венчавка е пишан како денот на нивната смрт., а со име и презиме го посочи и службеникот, за кого смета дека е вработена по партиска линија.
„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и вом каков шок сега се наоѓаат? Оваа прес конференција што сега ја држам е уште една потврда зошто младите ја напуштаат Македонија. Не од економски причини, туку од лошо водење на институциите во државата. Јас сум длабоко убеден дека овој перспективен и талентиран кадар со име Дијана Антонијевиќ е вработена или од штабот на СДСМ или од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Целата наша администрација е наполнета со нивните кадри и во зависност од тоа дали се власт или опозиција нив државата не им чини а всушност не чини заради такивте кадри“ изјави Јакимовски.
Тој додаде дека нефункционалноста на институциите е еден од мотивите што се кандидрал за претседател на државата.

