Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стевчо Јакимовски оди в затвор на 2 јули

Стевчо Јакимовски оди в затвор на 2 јули

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски добил решение да се јави на отслужување седуммесечна  казна затвор на 2 јули оваа година.  

Судија за извршување санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот Јакимовски кому Апелациониот суд му ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење, од која 5 месеци веќе му се одлежани во куќен протвор, му издаде упатен акт за издржување на  казната затвор.

Јакимовски е упатен да се јави во Затвор Скопје, во Шуто Оризари, каде што се служат казните до една година.

Апелацискиот суд Скопје ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош.

Од Судот соопштија дека постапувајќи по жалбите на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител, е донесена второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за кривичното дело бесправно градење, за кое на Јакимовски му е изречена казна затвор во траење од една година.

Во изречената казна ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година.

Јакимовски веднаш потоа изјави дека во оваа ситуација е виновен за да биде спречен да се кандидира на повторните избори за градоначалник на Општина Карпош. 

Слично

Поврзани вести