Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стевчо Јакимовски на протест со вработените во Општина Карпош

Стевчо Јакимовски на протест со вработените во Општина Карпош

Вработените во Општина Карпош  предводени од градоначалникот Стевчо Јакимовски излегоа на протест, поради тоа што не беше изгласан општинскиот буџет за 2024.
Јакимовски предупреди дека поради блокирањето на Буџетот од страна на дел од советниците, доведено е во сериозна опасност работењето на општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош. 

- За жал никој не го почитува законот и обврската на Советот на општина Карпош, на претседателот на Советот, на 31.12. да донесе или Буџет или да донесе Одлука за времено финансирање. Во конкретниот случај ниту е донесен Буџет, ниту е донесена Одлука за времено финансирање, рече Јакимовски.

Јакимовски наведе дека освен што е во опасност реализирањето на сите програми на општината, во сериозна неизвеност се доведени и исплатата на платите, па дури и работните места на вработените во градинките, училиштата, во општинската администрација и на привремено вработените.

Од пред општинските бараки, каде што беше протестот, вработените изразија незадоволство и страв од последиците кои ќе ги има општината поради недонесувањето на буџетот.

„Причина за тоа е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот, поточно на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Роберт Вељановски, Марјан Стефановски, Адријана Јакимовска Панчевска, Благица Цветановска, Христо Саракинов и Давор Грче, како и членот на Советот од Независните за Карпош, Невена Георгиевска и претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, претставник на Левица“, рекоа на прес-конференција вработените во општинската администрација.

Тие јавно го повикаа Обвинителството да преземе мерки против незаконското и злонамерно работење на претседателот на Советот и повеќекратните штети предизвикани со неговиот неодговорен однос.


Слично

Поврзани вести