Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стевчо Јакимовски купи производи „Винчини“ за да му помогне на „Макпрогрес“ по пожарот

Стевчо Јакимовски купи производи „Винчини“ за да му помогне на „Макпрогрес“ по пожарот

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави дека купил производи „Винчини“ од фабриката „Макпрогрес“ во Виница која речиси целосно изгоре до темел, а таму работат 500-тини граѓани на Виница.
Тој упати апел до сите останати граѓани да го сторат тоа, за да се помогне на овој македонски кондиторски производител во овие тешки моменти.
„Да помогнеме на еден од најголемите македонски брендови да застане на нозе! 

Купувајте Винчини – секое пакетче значи поддршка за фабриката и за стотиците семејства кои живеат од ова производство.

Ајде сите заедно да бидеме солидарни да купуваме Винчини и да дадеме поддршка на оние кои им е најпотребно“, повика Јакимовски.


Слично

Поврзани вести