Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стевановиќ: Британскиот сој ги принудува пациентите на подолг престој на Инфективно

Стевановиќ: Британскиот сој ги принудува пациентите на подолг престој на Инфективно

Милена Стевановиќ, директорката на Инфективна клиника, вели дека британскиот сој на Ковид-19 носи малку поинаква клиничка слика за себе и дека ги принудува пациентите подолго да се задржат в болница.

„Се остава впечаток дека овој сој дава влошување и после 13-тиот и 14-тиот ден , но и на самиот почеток на болеста. Сојот е непредвидлив, па затоа и хоспитализациите на пациентите ќе трае подолго време“, рече Стевановиќ на Топ Тема.

Таа додава дека на Инфективната клиника во моментов се пополнети капацитетите во целосно, меѓутоа динамиката на испишување и на прием на пациенти се движи во пристојни бројки. 

„Тесната комуникација и координација со останатите ковид-центри е непрекината и функционална 24 часа. Не се оставил пациент кој не бил згрижен, а побарал помош“, вели директорката.


Слично

Поврзани вести