СТЕВАНАНЏИЈА ДО ТЕВДОВСКИ: Во овие шест месеци секое новороденче е задолжено за 3.000 евра
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, му честиташе на министерот за финансии, Драган Тевдовски, за раѓањето на неговата трета ќерка, но рече дека новороденчето е веќе задолжено со 3.000 евра.
Тој алудира на тоа дека власта ја задолжува државата.
„И посакувам здравје и успех на вашата фамилија, но во стилот на шарените функционери морам да посетам на нешто што претходно го има кажано Горан Мисовски, од НСДП, кој може и сега да не потсети, дека за волја на вистината, во овие шест месеци секое новороденче е задолжено уште повеќе, односно за 3.000 евра“ – рече Стевананџија.
Во Собранието денеска има дебата за зголемување на акцизите.
Дебатата за поскапување на дизелот ќе трае и по 18 часот со што им се пролонгира работното време на пратениците. Предвидено е денеска да се расправа и за изборот на нов јавен обвинител.
