Стевананџија до Богоевски: Како што бараш албански, зошто не бараш македонски да се учи во Лерин?
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија вечерва во Само вистина на Канал 5 со неговиот колега Павле Богоевски се фатија во костец за двојазичноста.
Тие имаат спротивставени мислења за албанскиот јазик.Стевананџија рече дека ќе има казни за оние кои не го знаат албанскиот јазик, а Богоевски кажа дека како што се учи англиски јазик, може да се учи и албански јазик.
„Берово и Прилеп се доминантно македонски, но тие не се острови, тие се во држава каде 25% се Албанци“, вели Богоевски.
Стевананџија праша зошто по таа логика не бара да се учи македонски јазик во Лерин, на што Богоевски кажа дека тоа е внатрешно прашање на друга држава.
На ова Стевананџија врати дека сајтот на Општина Струга нема македонски јазик.
Слично
