Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стерјовски побара да се формира редакција на македонски во Албанската радио телевизија

Стерјовски побара да се формира редакција на македонски во Албанската радио телевизија

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанското Собрание, Васил Стерјовски побара од Владата финансиски да ја поддржи државната телевизија, со цел да се формираат редакции на малцинствата, вклучувајќи ја и редакцијата на македонски јазик.

Потсети дека според Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија од пред речиси четири години, албанската државна радио-телевизија на втората програма (РТШ2) почна со емитување вести и програми на повеќе малцински јазици.

-Малцинствата го поздравија овој чин гледајќи во него не само како исполнет услов на нашата земја во рамките на европската интеграција и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија, туку и како неопходна потреба за одржување во живот на традицијата и културата на малцинствата, како и за зачувување на нивниот идентитет, рече Стерјовски.

Додаде дека поради недостиг на финансиски средства, сè уште има недостатоци во времетраењето и содржината на емитуваните програми кои не одговараат на реалните потреби и проблеми на малцинствата. Првпат емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик, почнаа да се емитуваат кон крајот на септември 2017 година.

Слично

Поврзани вести