Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департментот со благодарност до Македонија за евакуацијата на Авганистанците

Стејт департментот со благодарност до Македонија за евакуацијата на Авганистанците

САД преку Стејт департментот и се заблагодари на Македонија, како и на останатите земји кои помогнале во евакуацијата на авганистанските соработници. Нашата земја не е меѓу оние кои помогнале во транзитот, но дале помош во евакуацијата на авганистанските државјани кои ќе добијат привремено сместување.

„Партнерите и сојузниците – вклучувајќи ги Бахреин, Данска, Финска, Франција, Германија, Грузија, Унгарија, Италија, Косово, Кувајт, Холандија, Норвешка, Пакистан, Катар, Шпанија, Швајцарија, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, помогнаа во транзитот на Американците и другите на безбедно“, се вели во соопштението на американското министерство за надворешни работи.

„Други земји несебично се понудија да помогнат на различни начини во врска со напорите за евакуирање на Авганистанците кои беа изложени на ризик. Во овие земји спаѓаат Албанија, Бахреин, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Еквадор, Гвајана, Индија, Кувајт, Мексико, Холандија, Северна Македонија, Полска, Португалија, Катар, Руанда, Сингапур, Уганда и Обединетите Арапски Емирати,“ велат од Стејт департментот.

Во епилогот САД додава дека се евакуирани повеќе од 124.000 луѓе на безбедно, вклучувајќи 6.000 американски државјани.


Слично

Поврзани вести