Стејт департментот се оградува од изјавата на конгресменот: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија
Американскиот став кон Македонија не е променет, и покрај изјавите на американскиот конгресмен Дејн Рохрабхер дека Македонија треба да се подели помеѓу соседните држави, порача претставник од Стејт департментот.
„Соединетите Американски Држави го признаваат и поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не се променила“, рекол претставник на американскиот Стејт департментот за Војс оф Америка на албански јазик.
Американскиот конгресмен Дејн Рохрабхер вчера во интервју за албанска телевизија рече дека „Македонија е земја која треба да се подели“.Тој смета дека создавањето на амкедонска држава е „пропаднат проект“, а сега вели, дека делови на Македонија би требало да им бидат дадени на соседните држави.
