Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт Департментoт опомена за кршење на правата на Македонците во Бугарија

Стејт Департментoт опомена за кршење на правата на Македонците во Бугарија

Стејт Департмент бара Бугарија да ги спроведува законите еднакво за сите етнички групи, меѓу кои и македонската. 

Во извештајот се нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија. Властите во Бугарија, според нив продолжуваат да ја одбиваат регистрацијата на активистичките групи на етничките Македонци како што се Организацијата „Илинден“, Здружението на прогонувани Македонци, жртвите на комунистичкиот терор и Македонскиот етнички клуб за толеранција во Бугарија.

„Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ ризикува дестабилизација во регионот“, изјавиле денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.

Додаваат дека Бугарија и Северна Македонија треба да преговараат за билатерални прашања, но тоа да се издвои од процесот за пристапување кон ЕУ. Според ОМО „Илинден“ не се знае колку точно Македонци живеат во Бугарија, од причина што се заплашувани пред секој попис за изјаснувањето. 

Судот во Стразбур лани донесе пресуда во корист на Македонците во Бугарија.

Здружението на Македонци во Бугарија „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ со седиште во Благоевград, го доби неколкугодишниот спор со Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако се жалеше дека Бугарија не сака да ги регистрира. 

Слично

Поврзани вести