Стејт Департментот: Мерката притвор во опаѓање во Македонија
Стејт Департментот во својот најнов извештај за човековоте права во Македонија во 2018-та вели дека судовите во повеќе наврати се одлучувале за други превентивни мерки на претпазливост кога се очекувало да им се додели притвор на осомничени и обвинети.
„Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години. Во повеќето случаи, на барање и на Јавното и на Специјалното обвинителство, судот одредил превентивни мерки наместо притвор за осомничените“, стои во годишниот извештај.
Ставот во однос на самите судски процеси генерално е позитивен и судството во поголем дел го почитува правото за фер судење.
„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обвиненијата против 33 лица, вклучувајќи и членови на Парламентот, биле политички мотивирани. Нема доказ дека Владата одбила пристап до овие притвореници од хуманитарните организации и од групи за човекови права“, се нагласува во извештајот.
Сепак,.властите не можат да воспостават контрола за подобри услови во затворите и притворите. Истрагите на властите во врска за несоодветен третман и злоупотреба на затворениците, повикувајќи се на тврдења на народниот правобранител, генерално биле неефикасни. Казнено-поправните домови и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и со корупција.
„Државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на европската комисија од октомври 2017-та година, во кој условите би можеле да се опишат како сурови, нехуамни и деградирачки“, се додава.
