Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департментот го следи случајот со бегството на Мијалков

Стејт департментот го следи случајот со бегството на Мијалков

Ситуацијата со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков одблизу ја следат и во Стејт департментот, јавува Гласот на Америка на македонски јазик. Ги следат извештаите во врска со случајот. 

За Мијалков полицијата  денеска распиша меѓународна потерница, откако такво решение донесе Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје. Полицијата почна да трага по него откако судот вчера издаде решение тој да биде во куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина" в петок, но надлежните не го пронашле дома. 

Слично

Поврзани вести