Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт департмент: Продолжувањата на притворите останаа проблем, обвинителите не одговараат за долгите истраги

Стејт департмент: Продолжувањата на притворите останаа проблем, обвинителите не одговараат за долгите истраги

Продолжувањата на притворите остана проблем иако генерално се почитува законската забрана за произволно апсење и притвор. Законот предвидува право на секое лице да ја оспори законитоста на неговото односно нејзиното апсење или притвор на суд, како и да добие надомест за незаконско притворање, стои во најновиот Извештај на Стејт департментот за Македонија. 

Во делот на правосудството има доста наоди и напредок но во извештајот стои дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите.

„Законот овозможува советодавни рокови за да се избегнат продолжени истраги. Обвинителите вообичаено треба да ги завршат истрагите за 6 месеци, иако рокот може да се продолжи на 12 или во посложени случаи на организиран криминал на 18 месеци во согласност на раководителот. Во пракса, обвинителите често ги надминуваат тие рокови и за тоа не сносат никакви последици“, се нагласува во извештајот.

Според извештајот, членови на безбедносните сили направиле одредени злоупотреби, вклучувајќи прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и на затворските чувари.

„Владата презеде чекори да ги идентификува, истражи, обвини и казни официјалните лица кои направиле злоупотреби“, се вели во извештајот, кој нагласува дека Народниот правобранител верува оти неказнивоста на полицијата продолжува да биде проблем.

Во извештајот стои и дека законот им дозволува на обвинетите да комуницираат со полномошник по нивен избор, но властите не секогаш ги информираа притворените правилно за ова право и не им дозволуваа секогаш да се консултираат со адвокат пред да се покренат судскиот процес. 

Од 20 август, Единицата за истраги и гонење на злосторничко однесување на полициски службеници и чувари на затворот во ОЦЦПО, истражуваше 21 случај против полицајци и затворски чувари врз основа на кривични пријави обвинувајќи ги за малтретирање, незаконско апсење, тортура и други сурови, нехумани, и деградирачки третман. Заклучно со 20 август, судовите издале 227 наредби за притвор, што е во согласност со 289 издадени до средината на ноември 2019 година. Бројот на налози за притвор издадени во текот на 2020 и 2019 година значително се намали од 2018 година кога судовите издале 457 наредби за притвор. 

Во извештајот пишува дека Уставот предвидува „автономни и независни“ судови, поддржани од независен и автономен судски совет. 

„Инстанците на судско лошо однесување, непотребниот притисок на судиите, долготрајната правда и несоодветното финансирање на судството продолжија да ги попречуваат судските активности и ефективност и влијаеа на довербата на јавноста во судството, стои во Извештајот.


Слично

Поврзани вести