Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стејт Департмент: 35 македонски државјани убиени досега во Ирак и Сирија

Стејт Департмент: 35 македонски државјани убиени досега во Ирак и Сирија

Во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за тероризмот во светот се наведува дека до сега 35 исламисти од Македонија се убиени на боиштата во Ирак и Сирија.

Ова е бројка меѓу 156 државјани на Македонија кои се приклучиле на терористички групи, а од нив околу 38 останале таму, а 83 се вратиле во земјата. 

Во документот пишува и дека Македонија соработува со САД во напорите за борба против тероризмот и дека е дел од глобалната коалиција за борба против ИСИС.

„Најголемата терористичка закана со која се соочува Северна Македонија е враќањето на борците од странските боишта и потенцијалот за радикализација и насилство“, се вели во извештајот.

Се нотира и усвоената Националната стратегија за борба против тероризмот 2018-2022 година и Националната стратегија за борба против насилниот тероризам и двата придружени со акциски планови од страна на македонската Влада.



Слично

Поврзани вести