Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефковски со осуда откако момче е прободено во училиште: Насилството не може да се оправда со ништо

Стефковски со осуда откако момче е прободено во училиште:  Насилството не може да се оправда со ништо

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го осуди инцидентот што вчера се случил во основно училиште во населбата Ченто, при што е со нож е повреден ученик од деветто одделение.

Стефковски информира дека разговарал со членови на семејството на повредениот ученик, кои го информирале дека малолетникот се наоѓа на болничко лекување.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение. Лицето кое го извршило нападот е обезбедено од МВР. Како градоначалник на Гази Баба изразувам најостра осуда на ваквиот чин. Насилството не може да се оправда со ништо“, пишува Стефковски во објава на Фејсбук.


Градоначалникот додаде дека Општина Гази Баба останува во постојана координација со надлежните институции кои преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Директорот на Итна помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот кој беше повреден од негов врсник во основното училиште во скопската населба Ченто, јавува ТВ21. Мерџаноски вели дека неговата состојба е стабилна, но опасна по живот.

Ученикот има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести