Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефковски разреши директорка на детска градинка во Гази Баба: Се нарачувало храна надвор од работно време и се носела дома

Стефковски разреши директорка на детска градинка во Гази Баба: Се нарачувало храна надвор од работно време и се носела дома

Боби Стефковски, градоначалникот на Гази Баба, денеска соопшти дека ја разрешил директорката на детската градинка „Детскла радост“ поради незаконско работење утврдено во извештај на независен ревизор.

„Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот“, рече Стефковски.

Службеното возило на градинката се користело за приватни цели, било констатирано во извештајот.

„Недозволиво е некој кој постапува спротивно на Закон да води установа за згрижување на нашите деца и за сите законски прекршувања утврдени согласно Извештајот на независниот ревизор ќе поведам постапки пред соодветните институции во Република Македонија.

Апелирам до Министерството за труд и социјална политика да ги почитува законите и утврдените процедури. Очекувам сите заедно да застанеме на страната на Законот бидејќи се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење“, додаде градоначалникот.


Слично

Поврзани вести