СТЕФКОВСКИ НЕ СЕ ШЕГУВА: Уште една дивоградба се рушеше во Гази Баба
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека од рано утринава, се рушела уште една дивоградба во општина Гази Баба.
„ Станува збор за објект кој се градеше бесправно, а во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза. И покрај издадено решение од градежен инспектор, стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот продолжил со градежни активности, со што директно го прекрши Законот. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, по претходна координација со МВР и фирмата задолжена за рушење. Дополнително, беше спречена изградба на уште два нови објекти, кои беа во почетна фаза – ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше. Во рок од само 7 дена, ова е втора акција за рушење на дивоградба!“, соопшти тој.
Стефковски апелираше до граѓаните да го почитуваат законот и да не започнуваат градење без соодветно одобрение од општината.
