Стефчо Јакимовски не дозволи двосменска работа на градинките во Карпош
Градинките во скопската општина Карпош ќе продолжат да работат по старо односно во една смена.
Токму за ова одлучи вчера градоначалникот Стефчо Јакимовски откако мнозинството советници одлучија дека не постојат услови за спроведување на Одлуката на Министерството за труд и социјална политика.
Јакимовски смета дека ова е добра идеја, но за да се спроведе таа ќе требат дополнителни кадри и финансии.
Одлуката за двосменско работење треба да претрпи суштински измени и за да профункционира Одлуката во целина, треба да им се овозможи на градинките да вработат дополнителен стручен и технички кадар, а општините ќе треба да обезбедат поголеми финансиски средства за да ги покријат дополнителните трошоци за струја, вода, греење и сл, потенцира Јакимовски.
Двосменското работење ќе биде од 16 до 21,30 часот а ќе важи за установите низ целата држава, со исклучок на градинки кои ќе проценат дека нема потреба од воведување на такво.
Граѓаните пак поделени во однос на прашањето за двосменско работење во градинките.
