Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефановиќ советува Велигден да се прослави на отворен простор

Стефановиќ советува Велигден да се прослави на отворен простор

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ вели дека оваа година Велигден можеме да го прославиме на поинаков начин. 

Таа во вестите на  Сител изјави дека не очекува олеснувањето на мерките за време на велигденските и првомајските празници да резултира со зголемување на бројот на новозаболени од коронавирусот. Вели дека се работи за многу кус период.

Апелираше до граѓаните да не се собираат во поголеми групи во своите домови за  Велигден и дека ако веќе сакаат да го чествуваат празникот со членовите на своите пошироки семјества тоа да го направат на отворен простор.

Македонија вчера регистрираше 37 починати и 365 нови заразени со коронавирусот. Во земјава стигнаа и кинеските вакцини на Синофарм, а по празникот, ќе има масовна имунизација во повеќе македонски градови. 

Слично

Поврзани вести