Стефан против Стефчо во скопски Карпош
Се поизвесено станува дека СДСМ на локлните избори во Карпош ќе се бори за општината со младиот пратеник Стефан Богоев.
Партиски брифирања го посочуваат амбициозниот Богоев како адут на партијата на Заев во скопската општина каде моментално владее Стефчо Јакимовски, а кој најверојатно ќе се кандидира за истата функција и овој пат од редовите на ГРОМ чија партија е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ..
Социјалните мрежи и овој пат вријат. Позитивни коментари се шират од профилот на Стефан Богоев кој во изборната кампања за парламентарните избори ветуваше дека неговата партија ќе ги задржи младите во Македонија.
-„Стефан Богоев e нашиот кандидат, човекот полн со енергија, млад, амбициозен, кој ги знае потребите и проблемите на граѓаните и секогаш се бори за нивното решавање. За младите, за студентите се залага со сета своја душа знаење и енергија“.
-„Карпош ќе го добие тоа што го заслужува!“
-„Лидер,другар граданачалник Стефан Богоев !!!“
Ова се само дел од коментарите кои се оставаат како поддршка на Фејсбук профилот на Богоев.
