Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТЕФАН ЛАЗАРОВ ЗА ПАНЧО: Колку и да сме имале несогласувања, ми покажа дека сè било шоубизнис, позадината ти беше секогаш голема

СТЕФАН ЛАЗАРОВ ЗА ПАНЧО: Колку и да сме имале несогласувања, ми покажа дека сè било шоубизнис, позадината ти беше секогаш голема

Јутјуберот Стефан Лазаров се прости од Владимир Блажев- Панчо кој денеска почина откако со месеци се лекуваше по пожарот кој во март годинава се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

„Кога ми се случи незгодата со ситуацијата со Латас и го доживеав најголемиот линч во мојот живот, ми се јави Панчо. До тогаш немавме разговарано. Ми се јави и ми кажа: Стефи (не знам зошто така ме викаше) сега гледаш колку е суров овој бизнис. Како преку ноќ се менуваат работите. Затоа секогаш треба да си човек. Тогаш Бог ќе е со тебе и ќе ти помогне. Тука сум за тебе во секое време, ако сум постар, еве јас ти се јавив прв и батали ги глупостите помеѓу нас, бројот сега ми го имаш, јави се за што и да ти треба. После неколку години во битката со канцерот на Зоки донираа и пари како ДНК. Претходното лето на настап на Слаткар во Охрид се вртам и го гледам Панчо... Му викам брату бе, што стоиш на страна дојди со нас. Ми вика не не, нема потреба да ме гледаат, дојдов од срце. Да поддржам наш артист. Вакви ситуации има многу. Колку и да сме имале несогласувања, ми покажа дека сè било шоубизнис, позадината ти беше секогаш ГОЛЕМА! Почивај во мир Панчо. За жал денес умре и последната надеж за една од најголемите музички групи во Македонија. Почивај во мир ДНК!“, пишува Лазаров. 

Во пожарот загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени. 

Обвинителството ќе бара обдукција за да се утврдат причините за смртта на Панчо. 

Слично

Поврзани вести