Стефан Калошев кој беше приведен на протестот тврди дека полицајците го тепале
Стефан Калошев, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше приведен и удиран од полицијата на протестот пред Мавровка, стои во партиското соопштение.
Како што вели Калошев, инцидентот се случил откако почнал да снима. Тврди дека тој воопшто не ја снимал полицијата, но полицијата го однела во станица.Тој потенцира дека и пред да влезе во полицискиот автомобил, го удриле по главата и повторно прашувал зошто го носат.
„Кога стигнавме пред станица, повторно прашав зошто се случува ова, зошто ме удираат дека не сум направил ништо лошо, еден од полицајците ми викна да ќутам и ме удри по лицето Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам, не можев ни да зборувам ми се вртеше. Потоа ми рекоа дека ова е за кривична пријава, но еве прекршочна нека биде, потпишав записник, ме вратија на истото место“, рече Калошев.
Калошев бил на лекар, при што констатирани му се повреди.
