Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефан Јанев објасни зошто пратиле пожарникари во Македонија

Стефан Јанев објасни зошто пратиле пожарникари во Македонија

Техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев вели дека намерно пратиле бугарски пожарникари во Македонија за да не дозволат огнената стихија да се прошири. 

Тој објасни дека тоа го сториле затоа што пожарот може да се прошири и кај нив. 

„Ако некој се сомнева, нека ги праша жителите на Благоевград и соседните села каков чад дишеле вчера и што чувствувале“, рече Јанев. 

Тој прецизира дека во моментов бугарските противпожарни служби се во близина на границата, каде што преземаат акции за да не се пренесат пожарите.

„Пожарот на македонска територија е оддалечен 7 километри од бугарската граница, фронтот е 13 километри, засега нема опасност од негово преминување на бугарска територија“, изјави на брифинг во селото Габрово, општина Благоевград, директорот на Главната дирекција на Бугарија задолжена за спречување и справување со пожари Николај Николов.

Ако мирисате изгорено во Софија, тоа е од пожарите во Република Северна Македонија. Ова го објави Националниот институт за метеорологија и хидрологија на Бугарија, пренесува БНТ.

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ која победи на неодамнешните парламентарни избори, Слави Трифонов упати критики за неговата држава затоа што испратила помош за гасење на пожарите во Македонија кога и во Бугарија беснеат пожари.

Слично

Поврзани вести