Стечајната постапка на Фени Индустри АД во стечај е во фаза на изготвување на план за реорганизација
„По бројните шпекулации во јавноста, сакам да соопштам дека согласно Законот за стечај, стечајната постапка на Фени Индустри АД во стечај е во фаза на изготвување на план за реорганизација“, посочи стечајниот управник на Фени Индустри, Мирослав Анастасиевски.
Анастасиевски посочи дека на рочиштето одржано на 07.02.1018 година Собранието на доверители едногласно донесе одлука да се продолжи деловниот потфат на должникот со изготвување на план за реорганизација во законски предвидениот рок.
Основниот Суд Велес, донесе решение Ст. бр.111/17, за продолжување на деловниот потфат и ги задолжи стечајниот управник и доверителите подносители на иницијативата да изготват план за реорганизација.
Во однос на откупот на побарувањата во оваа фаза согласно Член 105 од Закон за стечај побарувањата може да се продаваат и купуваат според условите определени со Закон за облигациони односи.
Стечајниот управник нема надлежност во прометот на побарувања, освен да биде известен од доверителот кој го продал побарувањето или купувачот кој го купил побарувањето, стои во соопштението на стечајниот управник Мирослав Анастасиевски
