СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА НИПАХ ВИРУСОТ - го има кај лилјаци во Индија, но се пренесува и меѓу луѓето, многу е заразен и нема лек
Во примероците на лилјаците во Индија е пронајден нов и многу заразен нипах вирус, пренесува весникот „Индијан експрес“.
Весникот се повикува на заедничкото истражување на индискиот Совет за медицински истражувања и Државниот институт за вирологија.
Експертите проучуваат два вида на лилјаци кои се фатени во 2020 година во Махабелашвар, град кој се наоѓа јужно од Мумбај.
По земање на крв од лилјаците, како и примероци на брис од грло и ректумот, научниците откриле дека дел од нив се позитивни на антитела за нипах вирусот, пренесува Спутник.
„Повторно ширење на зараза, голема веројатност од смртен исход, пренесување меѓу луѓето и недостаток на ефикасен лек предизвикуваат голема загриженост во Индија, бидејќи голем број на живеалишта на лилјаци се наоѓаат во населени подрачја“, се наведува во документите на научниците.
