Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставридис очекува влез на Македонија во НАТО за јакнење на Балканот

Ставридис очекува влез на Македонија во НАТО за јакнење на Балканот

Поранешниот командант на Алијансата, Џејмс Ставридис вели дека Македонија е следна држава којашто ќе влезе во НАТО. 

Тој смета дека тоа би бил и следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.

„Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, што ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Сметам дека Македонија ќе се приклучи кон Алијансата“ - изјави Ставридис за Гласот на Америка.

И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во името на претседателот Доналд Трамп, претходно овој месец во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја повторил поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија.

Заев на почетокот на месецов изјави дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО, и реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од Европската Комисија и да стане 30 членка на НАТО. 

Слично

Поврзани вести