Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставридис: Македонија следна влегува во НАТО

Ставридис: Македонија следна влегува во НАТО

Екс командантот на Северноатлантскиот сојуз, генерал Џејмс Ставридис, изјавил дека Македонија е следната земја која ќе се приклучи на НАТО.

„Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, кој ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Мислам дека Македонија ќе и се придружи на Алијансата“, рекол Ставридис.

Тоа, според неговите зборови, ќе биде следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.

И американскиот претседател Мајк Пенс, во име на американскиот претседател, претходно овој месец, во телефонски разговор со премиерот Заев ја повтори поддршката на САД за евроатлантски интеграции на Македонија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг после изборот на нова влада исто така ја повика власта да ги спроведе неопходните реформи, вклучувајќи владеење на законот, како би се забрзаЛ патот кон евроатлантските интеграции.

Слично

Поврзани вести