Ставревски: Пругата кон Бугарија и автопатот Скопје-Штип, ќе ја препородат Источна Македонија
Изградбата на пругата кон Бугарија и новиот автопат Скопје-Штип, проекти кои ќе се реализираат идната година, ќе донесат нов живот во Источна Македонија, најави министерот за финансии, Зоран Ставревски. Според него, овие инфраструктурни проекти се значајни за севкупниот економски развој на регионот.
Тој денеска го пушти во употреба повеќенаменското игралиште во кратовското село Крилатица, изградено на површина од 1.100 метри квадратни, а кое е дел од проектот на Владата за поддршка на спортот.
Ставрески потсети дека жителите на Крилатица и Кратово веќе имаат тениско игралиште, а ќе се продолжи и со други инвестиции во општината.
Во Кратово денеска е отворен и Дневен центар за децата со пречки во развојот. Инвестицијата е на министерството за труд и социјална политика, а чини 3 милиони денари.
Слично
