Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставревски: Македонија собра сили да зголемува државни плати и пензии

Ставревски: Македонија собра сили да зголемува државни плати и пензии
Новиот Буџет ќе донесе подинамичен економски раст преку повисоките за 11% капитални инвестиции и ќе ја задржи социјалната стабилност со растот на пензиите и социјална помош, смета министерот за финансии Зоран Ставревски, кој пред пратениците го бранеше предлогот во Собранието. „Во однос на платите ќе има зголемување сразмерно на можностите на Буџетот и констатирано е дека може да се реализира зголемување од 5 проценти со исплатата на октомвриската плата. Ваквото зголемување Македонија ќе ја издвои од останатите земји кои во овие времиња, не само што не ги зголемуваат, туку  ги намалуваат платите во јавниот сектор“, изјави Ставрески од собраниската говорница додавајќи дека владата собрала сили и во овие времиња да зголемува платите на полицијата, војската, социјалните работници, во образованието. Според Ставрески, како резултат на предвиденото зголемување на овие ставки, тековните расходи во Буџетот за 2014 година ќе бидат поголеми за 3,9 проценти споредено со оваа година. Вкупните приходи на Буџетот се проектирани на 158.343 милиони денари, расходите на 176.514 милиони денари, а дефицитот е планиран на ниво од 3,5 проценти од БДП. Во идниот Буџетот социјалните трансфери се проектирани на 77.667 милиони денари каде е опфатен растот од 5% на пензиите и социјалните надоместоци. До година се прогнозира раст од 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 отсто. Расправата за буџетот во Собранието треба да заврши за пет дена, денеска е првиот.
Слично

Поврзани вести