Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески задоволен од проектот „Купи куќа, купи стан“

Ставрески задоволен од проектот „Купи куќа, купи стан“
Интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“ е огромен, проценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој денеска го посети саемот посветен на овој проект во Скопје Сити Мол каде на едно место се собрани сите градежни компании кои што нудат станови до 900 евра и куќи кои што можат да бидат изградени типски, банките кои што нудат кредити, како и претставници од министерството за финансии чија задача е да им објаснат на граѓаните како да ги добијат субвенциите. „Се работи за многу добар проект за луѓето коишто немаат многу пари и можат само делумно да приберат средства за да го решат животното прашање, но од друга страна им треба малку помош и тука е државата со субвенциите што ги дава, односно Владата со субвенции коишто достигаат и до 14.000 евра доколку се работи за куќа за кредит од 50.000 евра. А доколку се работи за стан субвенциите достигнуваат до 9.200 евра“, вели Ставрески. Тој апелираше до младите да го посетат саемот до 28 октомври за да се запознаат со условите на проектот и начинот на кој можат да се добијат субвенционирани кредити. „Тука граѓаните ќе можат да се информират од почеток од идеја до реализација, што им се нуди, каде се наоѓаат становите, како да дојдат до кредит и како да ги искористат државните субвенции“, вели Ставрески. Во рамки на проектот досега се субвенционирани околу 340 семејства, а за таа цел од Буџетот се издвоени 2,5 милиони евра. Проектот ќе продолжи и во иднина, а буџетски средства за негова реализација се планирани и во државната каса за догодина. Доколку има потреба, овие средства и ќе се зголемат, најавува Ставрески.
Слично

Поврзани вести