Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески и Богов во СБ: Македонската економија оценета најдобро во регионот

Ставрески и Богов во СБ: Македонската економија оценета најдобро во регионот
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов учествуваат на редовните Годишни средби на ММФ и на СБ во Вашингтон. Според Ставрески, оценките на двете финансиски институции за Македонија се одлични  - македонската економија е оценета како најдобра во регионот со највисок раст и годинава и за следната година. „Овие оценки охрабруваат, бидејќи покажуваат дека политиките се добро поставени“, вели Ставрески. Богов, од своја страна, потенцира дека најновите проекции и на ММФ и на СБ се многу слични на оние што и Народната банка ги има. Тој нагласува дека е добро да се види како останатите гледаат со нивните очи, односно да се добие надворешен поглед на нашите економски политики.
Слично

Поврзани вести